А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човек кој остава ваков коњ и вакво чупале, рече, сигурно не е ајдутин, сигурно е некој чуен трговец кој навистина мислел да го врати Бошета ваш, и сам да се врати по коњов и чупалето, но може пореди снегов и студов го згрешиле патот па сега двајцата заедно лежат удавени или замрзнати, јали во некој дол јали во некој вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
В сабота ќе му отидеме таму, во Прилеп, и ќе го извикаме јали кај Мустафа ефенди, јали на дуќан кај Тимона, јали во некој ан и ќе му речеме дека било што било, сега сакаме да се измириме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)