штом (сврз.) - не (чест.)

Србите можат да затрубат дека Македонците се Срби, штом не се Бугари, зашто така се викале до турското доаѓање на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еве, штом не спиеш дојди со мене.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А дедо му Аврам рече: „Штом не трпи навреди, гледам станува човек...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Не ќе одиш аго. Штом не дојде да ме заколеш не ќе си отидеш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имено, на вработените веднаш им престанува работниот однос штом не е донесен план за реорганизација, тие повеќе не можат да имаат свој претставник во одборот на доверители и им се укина можноста од решавање на прашањата 1.  Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 55/97. 2.  Закон за присилно порамнување, стечај и ликвидација, Сл. лист на СФРЈ, 84/89. 3.  Закони за изменување и дополнување на Законот за стечај, Сл. весник на РМ, 53/2000, 37/02 и 17/04. 4.  Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06. 5.  Закони за изменување и дополнување на Законот за стечај, Сл. весник на РМ, 126/06 и 84/07. 165 поврзани со престанок на работниот однос со меѓусебно спогодување со стечајниот управник или преку посебна комисија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А и господ е себичен, штом не те искарува, штом не те поучува, туку те остава така сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Штом не се разбираш, велат, да ги донесеш тапиите од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)