Зашто, штом човек заборава се, нема свое достоинство, а народ што нема спомени, полека овенува и умира... Умира, Нумо, умира...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)