штом (сврз.) - тој (зам.)

Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Серпентините стануваат сѐ поостри и патот сѐ подлабоко завлегува во падините на Карпатите штом тој се приближува до Синаја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, штом тој завојувач стане заменет со самиот идентитет, или, подобро, мојата сопствена (национална) слика ставена врз столбот на авторитетот обземајќи ме со својот поглед, тогаш веќе нема да смеам да имам било какво право да ја оспорувам“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Цревото оживеа штом тој ја пушти водата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ѝ обрна внимание, таа веќе насмеано го гледаше и штом тој ја забележа, таа го тргна погледот од него и отиде натаму кон касата каде што беше клапнат дебелиот човек, сигурно стопанот како што подоцна дозна Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А штом тој замине, ти веднаш пак ќе дојдеш кај мене да ми кажеш и тогаш ќе ти биде моето сетно кажување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
РЕВШИН: И еве ви го мојот план: кон десет часот да тргнеме јас и вие, Алексеј Максимович, и да отидеме во канцеларијата на Вишњевски: штом тој тогаш ја водеше вашата работа, и треба нему, пред сѐ нему да му се обратите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И само штом тој се наведна да ја пали печката, малиот пак беше ослободен и полека, со оној свој срнечки чекор, се добра до неговите раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека Ирис никогаш нема да го засака Р беше јасно уште во трето одделение, кога му забоде молив во десното око штом тој ѝ намигна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ЛУКОВ: Чекај. Појди и речи му дека ќе дојдеме со Ивана штом тој ќе се врати.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не, никогаш не зборуваше за него штом тој ќе си заминеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кимнав со главата, мора многу чудно да изгледав штом тој така ме гледаше, признавам, не бев веќе подготвен за било какви средби и тоа, верувам, многу лесно можеше да ми се прочита на лицето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)