штом (сврз.) - може (гл.)

Тишнината чека, а Господ ни простува сè штом можел себеси да си прости.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние не велиме – не е можно, само затоа што не знаеме да си објасниме како е тоа можно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штом може да се случува, значи дека може.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тргнав ќорлемечки, а тоа се покажа необмислено! – викнав на глас но притоа се трудев ова да не прозвучи и како поплака.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше замината премногу далеку за да го слушнам нејзиниот одговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не беше толку страшно штом можеш да ме видиш волку насмеана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А виде каде втасав јас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)