што (сврз.) - да (сврз.)

Нема што да се зборува и за учените Македонци во Бугарија: тие едногласно ќе речат оти новото течење е просто апсурд, оти никојпат немало македонска народност и сега ја нема; оти Македонците се Бугари и сл.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај Бугарите нема национални идеали што да бидат општо достојание и светиња за сите Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука нема таков ѕид што да ги брани востаниците, како Балканите во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таа опшност не е нешто што почива врз некакви заеднички спомени и заеднички историски задачи што да се сознаваат и да се имаат сознавано од нас и од Бугарите еднакво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И пулиш подолу, како шо се тие помалките икони, Кардељ, Ранковиќ, па Лазо... шо да ви кажвам... цел иконостас...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Војникот објасни: - Пушката овде ќе ја навалиш така што да ти биде на готовс.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ане, многу добро ми изгледаш. Студот ич не ти делува. - Што да ти кажам, како роза зиме...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ги наредив бомбоните во полукруг, од ѕидот откај што излегуваа кон балконот, и на балконот, до самата ограда, ги ставив најголемите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Времето брза, што да не може за повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И боли што да не може повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шокот и тагата од смртта на милениците постепено беа заменети со загриженоста што да се прави со толку мртви пингвини.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Што да ви расправам за Транзицијата, при очи сте, гледате и сами, барем кај нас таа си е вечна и не прортчува тукутака низ живеачката.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ми се налути што да не може повеќе. Нож и колеж. Само ја врти главата и фучи. Одвај му дојдоа козите да се смири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку се израдува дека најде, вели, што да не може повеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)