Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А и јас некогаш имав пар очи чиишто погледи одеа наназад; да, постоев: без прашања и прибран. Каде стигнав? Каде сум?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)