— Верувам оти Шаќир го има свиткано овие седум осум дена, та ете дури и средба нагласил.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шест месеци за 50 гроша треба да страда неговото деветгодишно дете на Чолаковата колиба по Сињак и Опстреница, ама му ги фатил камен нозете и ќе кандиса, па затоа рече: — Таа се виде оти нема одборчуање, шо нема, и оти детето ќе ми трга мака, токо лели така, ќе ми придадиш ошче половина лира и 1 рало бијалци за него, та ете ти го на бог душа! Шо знајш прави му.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Петре стана простум и наслуша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го остави тоа црнилото мое, та ете — побегна со вој прикрепникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)