- Ни за иљач, - рече Котевица, - Кој обул чевел та на боја да мисли, туку да побарам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, немој да ме репниш со ластегарката на вој век, та на тој ако сакаш борина цети ми на меот, — одговараше дедот Петко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во 1939-та на покана на Дејвид О. Селзник Хичкок заминува за Америка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас му реков дека мојата трговија и мојата работа е поврзана со сите, и со рајата и со Турци, спрема сите, сакал нејќел, сум погрешил, та на овој начин сакам да ми се простат гревовите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во Помпеа има една фреска останата од времето кога вулканот Везув го уништи градот, на која е претставен еден цар кој во раката држи теразија: та на едниот саан од теразијата ставено е скапоцено богатство: златници, накити и друго, а на другиот тас, знаеш што?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)