та (сврз.) - во (предл.)

Во еден од нив, изведен во Лондон 1994-та тој експериментирал со галвански уред за кожни реакции којшто ги засилува електричните реакции на заспаното тело во простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во 1995-та во Брајтон Гилхрист користел специјално конструирана фото-ќелија којашто на публиката со помош на инфрацрвен сензор ѝ ги прикажувала REM состојбите, а комуникацијата со успиеното тело била остварена со помош на електрични надразби во форма на Морзеови знаци. (...) Гилхрист својата работа ја претставил и на симпозиумот за необјасниви феномени наречен Инцидент, организиран 1995-та.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подоцна, за време на судењето, застапниците на КПУЗ-Скопје пред судот објаснуваа дека „според новата систематизација и организација за рабо- та во затворот, како и според Правилникот за работни односи, токму тоа работно место е предвидено за дипломиран правник со искуство“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А новата систематизација беше подготвувана скришно и далеку од очите на вработените, па на Зефиќ, како вработен правник, не и беше дозволено да има увид, откако побара да ја види оваа фамозна систематизација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие произлегуваат од најисконските односи на човештвото со митот и магијата, односи коишто беа затскриени со усовршувањето на модерната наука и технологија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Благодарејќи на Гугенхајмовата ретроспектива делата на Бојс повремено се појавуваа на групните изложби во американските галерии и музеи, а неговиот перформанс Којот од 1974-та во њујоршката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Верна неверна, тоа се стори, Луко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За кратко време селото се смири светлината угасна, та во таа тишина се слушаа не само песните од Сивевата кула и извиците на водарките, туку и секој збор што се изговоруваше на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не ја издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му направат пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Погледна и ја опфати целата негова фигура, но веднаш се тргна нешто. Му се приближи, го поздрави и го праша: — Е, готов ли си, господин Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија“ стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој сосема модерен брак за прв пат на истражувачите им овозможи храброст и инспирација да се позанимаваат со вечно променливата комплексност на стварниот свет. Ian Persival, “Chaos: science for the real world”, “New Scientist”, No 1686. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 87 Разговор со Вилем Флусер Лажица на создавањето од супата на хаосот Вилем Флусер (Vilem Flusser) е роден 1920-та во Прага, каде што студирал филозофија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наведуваме само неколку карактеристични наслови: 1614-та, Соломон де Каус го пишува делото Perspective avec la raison des ombres at des miroirs, а Франсоа Ницерон 1638-та делото Perspective curieuse кое го нарекува “вештачка магија со чудесни ефекти”. 1642-та во Болоња излегува Apiaria на Марио Бетини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најважните компликации од овој тип на движење 1961-та ги расплетка Шарковски во Украина и Мичел Фигенбаум 1978- та во Њу Мексико.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поновите истражувања велат дека е роден некаде 1593-та во Мец (североисточна Франција), дека 1612 се појавил во Рим и дека 1620 заминал за Неапол, родниот град на Марино, каде што работел до својата (датумски непозната) смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кој е тој Десидерио Монсу кој во Европа станува легенда?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури во Второто српско, некаде околу 1930-та во Потковицата, од напролет до наесен, почна да се појавува неговиот внук, синот на неговиот најстар син, на Јанкула, Јован Јанкулов Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понекогаш, Мајка ја откривав и како осамен фрагмент во бескрајот на постоењето, водена од привлечната сила, од уверувањето дека била Божја посланичка со миси­ја­та во текот на животот, да ги спасува своите чеда од Бал­канот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си се знае местото на невеста­та в куќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде објавениот расказ „Countdown: Once Upon a Time” прв пат е објавен 1995-та во списанието Mississipi Review. 82 okno.mk Стивен Полански Нога Кога Дејв Лонг ја допре вреќата на втората и тргна кон третата база, сите мораа да се насмејат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
МАЛИОТ: … та во оро ќе рипне.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
МАЛИОТ: Тешко нас!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Хичкок: „Снимен е 1938-та во малото студио во Излингтон, на објект од 90 стапки, со еден вагон, а за останатото послужија рир-проекциите или макетите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и во 1942 година така и во 1943-та во печатот на САД преовладувале информациите во кои сè уште се величани генералот Дража Михаиловиќ и неговите четници како носители на отпорот во делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колку и да настојувале американските разузнавачи да ја прикриваат активноста на ПО на територијата на Македонија, кон крајот на 1943 година повеќе не можело да се бега од вистината.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сталин строго ме гледаше од далечината, небаре и тој задоцнето како да имаше нешто да расчистува со мене, бездруго, што сум се осмелил да му ја расипувам прослава­та во единствената земја во светот каде што го сметаа за жив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идејата на Водачот да се подигне Атеистичкиот музеј во Скадар верно ја оствари задолжениот за идеоло­гија­та во Партијата, Рамиз Алија на 9 јуни 1973 година...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од тогаш па натаму разговорот течеше глатко, а на моменти стануваше и интимен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Т. Корагесан Бојл (Coraghesan Boyle) е роден 1948-та во Пикскил (Peekskill) во државата Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тој разговор ми останаа само спомени забележени во моето сеќавање, и делумно чепнати поради потресните околности на средбата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 207
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мислам дека немав прочитано ниту една книга пред својата осумнаесета година“, вели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако го поздравив - прв пат го сретнав Борхес 1969-та во Норман, во Оклахома, тој ме прими љубезно и ме предупреди: „Без политика, ве молам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги објавил романите Музика на вода (1982), Проспекти во пупки (1984), Крај на светот (1987) за кој ја добива Фокнеровата награда, и романот Исток е исток (1989).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Борхес“, одговорив, „дојдов да ве видам и да ви го пожелам секое добро“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Одев во колеЏ, дипломирав, предавав во средно училиште за да го избегнам Вијетнам, но главно скитав, до 1972-та кога како излез од слепата улица го запишав курсот за пишување на Универзитетот во Ајова и почнав да пишувам куси раскази.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Расказот „Модерна љубов“ е од збирката раскази Да е реката виски, објавена 1989-та година. Brian Rea okno.mk | Margina #32-33 [1996] 162
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)