Та затоа вујко ѝ вели, да не ми си побркаш к'сметот шо ми та дошол дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедот Ристе веќе си ја знае должноста: — Ами, ете виа побратимите си загубиле некое шилеже, та дојдоа да го бараат во Рожден, белки е заодено со некои нашинцки овци; токо, земи си столче и седни, вали а борината, и така невестата Менка треба да прошета по дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но таму ништо не сториле со бомбата, само ја разгледале и по ручекот, дома кај Јанчевци Крстевци, си заминаа за Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дури во пролетта во 1942-та дојдоа, од Прилеп, со џип, потпоручникот Куцаров и двајца германски офицери; го собраа Крсте Јанчески од дома, го качија во џипот и го одвезоа на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, времето си врвеше. Помина септември, октомври, та дојде и ноември со неговиот Митровден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бахтијарпаша отсекаде добиваше извештаи дека бунтот е смирен, само витолишкиот јузбашија и мудур му се плачеа оти Толе уште врлува во нивниот реон и оти тие не се во состојба да го смират него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Претеруваат стока по Мегленијата, та дојдоа како пријатели.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Откривајќи ги куќите, студот сѐ повеќе и повеќе навлегуваше во покриениот, но одграден простор и огнот мораше да плапоти без престанок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на племните во кои живееја селаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Воловите, ефенди, воловите ми побегнаа навака, ги барам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ми се чини ретко кој смртен достигнува до него – иронично му одговори кадијата, однапред решен да го осуди него на смрт и продолжи да ги гледа со ред врзаните, та дојде и до другиот крај на редицата каде што стоеја двете врзани жени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)