Тукма Пелагија подзапре, ги погледна редум Роса, Деспина, својата слика во Пеличка, па мајката Перса и од неа се одзатна еден страдалнички глас Мила тетко Персо, мила мајко Персо, оваа жена е за пример како треба да се чекори во животот!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ама ќе разбера јас, па мајка Јана да ти е, — и почна да внимава што прави Доста, како оди, како работи, што јаде, што пие.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)