Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури подоцна, без команда, командирот се сврте назад кон заодената чета, па војниците, од неочекуваност, се натуркаа еден во друг од позади.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)