Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
“Велат, откога ќе бил изграден водоводот ти, со помош на власта, ќе си станел пратеник од Маказар и од целиот крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во Цариград на Сандета му било издадено решение парите да се исплатат во Монастир, меѓутоа, во тој момент во Монастир касата немала доволно пари, та се решило парите да се платат откога ќе се продадат на лицитација турските чифлици Кале и Каменци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Претпоставув дека го имаат предвид остварувањето на некаков развој на секое место откога ќе добие вода, ќе се изгради некој објект, фарма или слично, и така секогаш ќе треба повеќе и повеќе вода.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
ВЕТА: Од сега ќе водам сметка. Ќе си запишувам! А особено откога ќе се земеме…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Неговото место е на дваесетина минути откај мене, откога ќе се премине Сена.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А откога ќе го осознае, ќе научи, ќе знае како да го управува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Уште откога ќе залебеше житото, некаде при крајот на мај, ако беше сушна годината, во дворовите на домаќинствата се појавуваа додоларки а низ полето одочесници, или уште како што ги викаа во Потковицата, покрсти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Си го закопале и му остајле една дуока, за да дишит, дури да доела умирачката и да му ја земит душата, као што си мислел тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Слушај вамо ти, метло сестро - је рекол - сега откога ќе си одам в чаршија јас, ќе станиш ти и ќе ја сметиш куќата, дворот и ќе суредиш с¯ што паднало наземи; ќе месиш леб; ќе зготвиш вечера и коа ќе си дојдам да биди готоо; слушај вамо, метло моја, мила сестро, тако ми таткоа душа, ти се колнам, ако готоо не го сториш ова што ти го велам, да знаиш оти страшен ќотек ќе ти удрам; ем знаиш како ќе те тепам?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По патот и стретил еден богат чоек и 'и прашал шчо носат жив чоек на носило?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Понекогаш и откога ќе си легнеа децата, се искрадував и како сенка, како ошумоглавено живинче лунѕав крај ѕидот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Сине, луѓето можат и откога ќе стапат во брак да се засакаат. Така најчесто и станва.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Понекогаш ќе се заклучеа во соба со сестрите и ќе си читаа тивко, ќе се кикотеа, воздивнуваа...откога ќе останеше сама, Томаица ќе си пуштеше музика на грамофонот и долго си лежеше во креветот, во темница, гледајќи низ прозорецот во ѕвезденото небо, препуштајќи ја нејзината романтична душа на нежните крилја на мечтите за голема Љубов.... ***
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А Марко, баш затоа што ја знаеше маката на Мехмед-паша, божем му ги чита мислите, рече сега:
„Слушам, светол пашо, откога ќе се одмориш од бојот, си наумил да вршиш некои поправки во Исхак-беговата џамија?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Речи сега право, не сме во некој кијамет да се лажеме, што ќе сакаш, кардаш, да бидеш откога ќе се потурчиш?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако требаше да го стокми чунот и да оди на риба откога ќе заврши акшам намази, четвртата муслиманска молитва, тој веќе знаеше на кое место мрежата ќе му заграби најголемо јато белвици, а каде крапови и костреши.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Настаните стануваат историски само откога ќе им се открие смислата и значењето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти фаќа вера, ама откога ќе ти докажеме здраво, после ќе веруваш“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ние не знаеме што да правиме со блаженството откога ќе го добиеме.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Секогаш откога ќе заминеш ќе згмечам некоја смрдибубачка ќе го вклучам телевизорот небаре веднаш ќе јават дека еден издишан балон пак си ја надлетува сопствената сенка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)