откако (сврз.) - добро (прил.)

Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сите овие приказни завршуваат речиси на ист начин: имамот се онесвестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од различните состојки во јадењето, а според трети имамот се прејал од превкусното јадење и се онесвестил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да, продолжи Камилски откако добро го изџвака и голтна залакот од јадењето, има повеќе приказни за тоа од каде потекнува името на ова вкусно јадење онесвестениот имам!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, некој треба да им предочи дека најдобро се комуницира на туѓ јазик откако добро ќе го совладаш мајчиниот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)