откако (сврз.) - веќе (прил.)

Но, каде си? - продолжува поетот „губејќи го“ бакнувачот, сега, откако веќе бакнувањето се случило.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Работи кои не може а да не ги сториш да не нарачаш петто пиво откако си испил четири; да не го ставиш откако веќе си го брцнал; да останеш кул кога одеднаш ќе се разбудиш во крематориум, поклопецот на печката е затворен, а копчето притиснато на ’он’; да не ја сфатиш погрешно реченицата која почнува со "не ме сфаќај погрешно, ама..“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
6 По ова, тужителите го повлекоа делот од тужбеното барање во кое наведуваа дека бараат враќање на работа и на поранешното работно место – како беспредметно, што судот само го констатираше со Решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
* Поради овој нов момент на ликвидација, а откако веќе го добија првичниот спор – тие, во ноември 2009, поднесуваат нова тужба до ОС Скопје II, но сега против „Водостопанство Вардар во ликвидација – Скопје“, кое не е оспорено од неговиот назначен полномошник (адвокат Г.Стоев).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше првата година, откако веќе не беше ѕидар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.) Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дај кажи дека не е тоа!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Здраво посрамен и понижен, како и со чувство на разголеност и на непријатност, ќе се обидев да се извадам од глибот, ќе си го повлечев предлогот и ќе го уверев дека не сум мислел и не сум гледал како што треба кога сум го пофалил предметон – макар што не сум сигурен дека воопшто можев да се извадам од толку упадливо откривателна грешка, откако веќе ја направив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие иронии, исто така, го поткопуваат и шовинизмот што по правило се сврзува со тимските спортови: невозможно е поздравот Ritorna vincitor! да се сфати стрејт за готово.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа станува возможно откако спортското натпреварување ќе се ослободи од неговата конвенционална функција во хетеросексуалната култура – односно, откако веќе нема да функционира како средство за терор со кое се заплашуваат момчињата со цел да се сообразат со мажественоста – и ќе се преобрази во средство на противјавноста за заедничка машка геј-свесност, за свесна еротска и културна солидарност. ‌Овој пример за женствената машка геј-идентификација, тогаш, всушност, не изразува ниту некоја основна женствена природа ниту таква машка природа, ниту нешто помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, искажува нешто друго – нешто карактеристично геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дај немој да ми кажеш дека сум се омажил за некој што мисли дека ова е убава санитарија“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, севкупниот ефект на оперското упатување е преобразба и превреднување на природата и на дефиницијата на тимскиот дух за да се создаде негова изменета, иронична верзија која ќе им биде достапна на членовите на тој клуб.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Господин Гроздановски, не тргнувајќи го погледот од кучето со кое како меѓусебно да се прашуваа што ќе прават откако веќе се сретнале, рече: „Ова ли е најденчето?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Следејќи ја љубопитноста на Цветана Горски, Татко рече: - Тешко ќе се искорени сталинизмот - откако веќе влезе во луѓето, пределите, во Езерото, во реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)