- Кажи сега, Петре, кое добро те донесе? – му рече дедо ми откако мама ги крена филџаните секому пооделно велејќи му „На здравје!“ на што секој пооделно ѝ одврати со „Здравје да имаш!“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Мојот поглед ја галеше хартијата; гледав во полните усни, во внимателно зачешланата коса, во замислената линија меѓу веѓите, во очите кои плачеа навнатре, и помислував дека можеби во тој ист миг Рајнер седи во својата соба, и како што јас гледав во тој лист хартија, така тој гледа во црвениот џеб што му го дадов за спомен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Наутро, кога моите сестри и помалиот брат заминуваа во училиште, а Зигмунд на предавања на универзитетот, и откако мама одеше да му помага на татко во продавницата, јас го вадев од под тепихот, каде што го криев, оној лист хартија на кој беше нацртан ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)