откако (сврз.) - таа (зам.)

Цела недела помина откако таа му пријде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски ја поздрави, не заборавајќи да ѝ бакне рака откако таа ја избриша од престилката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но откако таа им рече на здравје и побрза кон кујната, Камилски не знаеше како да го изрази своето задоволство, велејќи му на Татко: Ова не е само празник за очите, за душата туку и за срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко му насипа на Камилски ракија во чашката, а себеси мастика, рече: Така требаше и да биде!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
После, кога ми дојде мене редот, откако таа си го положи испитот, го знаев само првото прашање.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Богдан ѝ купи прстен, и откако таа го стави, откако не ја чувствуваше веќе таа празнина на прстот, не го сонуваше повеќе тој сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во деценијата откако таа за првпат се појави, приказната на Searle беше дискутирана премногу често за да може тука да се даде комплетен преглед (но погледајте Hayes и Ford, во подготовка), сепак, ние едноставно ќе укажеме дека тоа е исто така базирано на наивни и погрешни интуиции за компјутерите и програмите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Иако мајка му ништо не му беше рекла на Трајче, првите денови откако таа се разболе, му се чинеше дека му е лута...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кети беше во брак со него повеќе од четириесет години и тоа беше одамна откако таа престана да мисли на него како на свој сопруг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откако се знае во царството наше за одајата кобна (за која голтка знаење ви преподадов веќе, о жедни), со ин и неразјаснет запис, и откако таа одаја и записот се поврзуваат со проклетството кое го било царството и најдобрите колена во родот негов, се знае: додека не се разбере што говори записот, каква ука дава, нема да има мир и спокојство, и проклетството ќе виси над градот и царството наше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас би можел моето да го измерам според бројот на килимите што ги има исткаено мојата пријателка Миру и според големината на празнината што зад неа остана откако таа замина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Хелвиг беше под такво нејзино влијание, посебно откако таа го роди синот, што комуницирањето со мајка му и татко му беше вистинска реткост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но овојпат, откако таа приседна, чувствуваа дека не е расположена како другпат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да ја остави сама во овој свет, откако таа со толкава доверба тргна со него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа живее во мене со времето што ми го посвети, а јас доцна, по пет години, откако таа стави неочекувано крај на нашата преписка, дури во оваа книга, започнав вистински да го разбирам нејзиното некогашно толку силно присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А, откако таа ја затвори вратата, плукнав за последен пат тој ден.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Особено сега, откако таа ги употреби оние тешки зборови: омразата, плачењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа нешто зборуваа, a откако таа се потпиша, ѝ дадоа едно картонче со квадратчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Разбравме дека напролет во населбата Доброшане ќе спроведат акција за расчистување на коритото на Кумановската Река, откако таа самата ќе си го исфрли ѓубрето со надојдени пролетни води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Добро, не од Белград, туку од таму негде, дури од Преко.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ајде, признај, сине, дека најмногу се сложувавте со Аксја откако таа се врати од Белград?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги чувствував овие нејзини зборови, како последен аманет, што никогаш не го заборавив. – Мајко – започнав тивко, откако таа го угасна телевизорот – се готвам да патувам за Франција. Ќе останам два месеца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По извесно време Илко ја напушти откако таа започна да му зборува дека тој е виновен за смртта на птиците и дека ќе го отруе за тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)