По добрата вечера и пиење, откако останаа насамо, Толе му го кажа планот на Андона.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Душата ќе рече - телото не ме издржа: откако останав сама, еве, летам, утка меѓу утови...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тие се посебно засилени откако останавме единствена земја која го брани чистиот комунизам и не потклекна на советскиот ревизионизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Проколната беше со своите сеќавања, кои најмногу ги имаше последниве години откако остана сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А откако остана несама Уља, скрпивме уште едно куќарче крај плевната. И цело село ни помогна, што е право.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Како стигнавте толку рано? - праша Бојан откако останаа сами со дедо му. - Како рано?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)