откако (сврз.) - влезе (гл.)

Само Толе, откако влезе Адем, па додека да излезе, збор од уста не проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Впрочем, и денешниот облик баклавата го доби откако влезе во големите кујни на царската палата Топкапи во Цариград и стана култно јадење во царството и надвор од него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Мојата ќерка умира“, рече. „Тоа почна изутрина, откако влеговте таму!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Врзаните пак бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо и на секој сострадателен поглед од луѓето што беа појавени по прозорците одговараа со горда насмевка. Co тоа сакаа да им кажат на христијаните: Не жалајте не нас, ами жалајте се сами себеси што скапувате под топуците на агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури откако влегов во зградата почувствував колку сум истоштен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не му одговорив. Не се свртев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веднаш ќе дојдам кај тебе“, настојуваше Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)