оти (сврз.) - ти (зам.)

А и Јон нема да ти го заборави, му велам, оти ти го врати откај мртвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оти ти ги подгорува веѓите и трепките. Ти ги раси очите со паулици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)