но (сврз.) - и (чест.)

Ова, пак, неминовно, во праксата, доведуваше и доведува до латентни незадоволства, но и отворени судири кои, во Рим, беа санкционирани преку институтот Аrbitrium boni viri – „предлозите на чесните луѓе“. 9 Па оттука, со полно право, претходникот на денешните спорови произлезени од работните односи – како посебен вид судска, граѓанска и парнична постапка, го наоѓаме во римските тужби од групата Аctiones bonae fidei наречени: Actio locati – кога тужител е работникот, а тужен работодавачот; и спротивната Actio conducti – кога тужител е работодавачот, а тужен е работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
При уништивањето на козите, се докусуруваат стари есапи уште од последната, но и другите војни. Се наложуваат нови моќници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Излезните места од градот, но и граничните премини беа под строга контрола.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го погледна татка ми в очи со сета милина на чувствата, на мислите, но и со сенка на загриженост, еден ден да не затреба последниот потрошен златник.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но и тоа што се направи, се направи повеќе на плеќите на селаните, отколку на државата, и доцна, многу семејства веќе беа заминале, да не доцниме и сега, му велам, младината бега, или и таа што останува, место со производство, планира други работи - трговија, хороскопи, одново како некогаш, агенции за иселување...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во хрониките и легендите никаде не најдов како се лечи сув бунар, туку само како лечи, самиот тој, бунарот, како дава живот, како исцелува, но и како влече длабоко долу, како плаши и страши со откритијата за живи и за мртви тајно фрлени на дното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немаше многу луѓе со кои би зборувал, но и да имаше, пак не ќе зборував. Се повлеков во себе, многу молчев. Не можев ништо да смислам, а уште помалку да сторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше и мојата возбуда, но и мојот грч, мојата напрегнатост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
–––––– 1 Низ светот постојат неколку синагоги во различни градови што го носат името Битолски: La keila de los Monastirlis во Солун, The Sephardic Temple (Monastirli) во Њујорк и во Темуко и во Ерусалим. Колонии на Евреи од Битола се наоѓаат во Рочестер, во државата Њујорк во САД, во Индианаполис, во јужна Калифорнија, во некои населби на Флорида, но и во Темуко и Сантијаго во Чиле, во Бразил, во Мексико Сити во Мексико, како и во Ерусалим и во кибуцот Шаар ХаАмаким во Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тие мигови чувствуваше дека без владиката, во сѐ понесигурните времиња, нему му станува сѐ потешко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На нив можеме да гледаме како на темелни маниристички форми, но и како израз на силните напнатости меѓу природата и духот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се послужи и со некогашното негово црно Кате, но и тоа, од едно плачење друго не знаеше да каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Возбудлива, но и тажна беше последната приказна за Димитрија Волчарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со тој нов тип на опис се спасува од заборав бујноста на едно искуство, но и се поткрепува листата на мотивот на загубата и физичкото исчезнување (експлицитна како носечка во филмот “ZOO”, како и во „Стомакот на еден архитект“ и „Давењето по броеви“). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 39
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Препис учинивме, умножение од тој запис и го решивме“, рече Филозофот (Не ми беше јасно зошто цело време вели „ние“, кога сам се подвигуваше Филозофот, нека му е слава во Станот Небесен, но и мене ме стави до него, не ме заборави, како Господ што рече: „И каде ќе одам јас, таму и слугата мој со мене ќе оди!“).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Борбата со српските интереси во Македонија е претешка не само за Македонците, коишто не располагаат со држава и државен буџет, војска, дипломатија и др., но и за слободна Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и да не биде тоа, една српска пропаганда е доста за да создаде превосходна почва за новото течење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој миг всушност треба секогаш да биде во тебе, готов за целото време, да ги знаеш сите движења за него, изострен, постојан, но и скриен така за и самиот да не бидеш свесен за него. Затоа и се вика лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше изморен, но и сега тој неизоставно ги сочува сите правила на играта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека го сети, но и тој беше готов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нека биде лесно, без тоа гризење, вака лесно и по малку празно, но и здраво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По детето му одговори дека ни тој не се согласил да дојде сам, знаејќи уште посигурно од таа негова постапка дека стариот е толку проклето, но и толку неодменливо готов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги преполовив. Но и преполовени се вртеа околу мене и ме задушуваа со ѕверска врелина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А Рада кршејќи го своето тело како зелена елка на ветрот ги кршеше срцата на сите во училиштето, но и на оние кои го беа изодиле тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше свесна и добро знаеше што сака, но и што може, колку да даде и до каде да оди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но и оваа мисла ја задржа за себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу ги сакаше Лоренс Оливие и Вивиен Ли, ги гледаше во нивниот прв заеднички филм „Оган над Англија“, го обожаваше Спенсер Трејси (го викаше Траси), а имаше гледано и неколку филмови на прекрасниот Чарли Чаплин кој ја секогаш ја развеселуваше но и трогнуваше до солзи, на неговиот единствен начин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Отсекогаш бракот бил здружување на двајца за да се формира фамилија, да се осигура иднината и на децата (брачниот пар) и на фамилиите на тие деца, но и на потомството.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајка Ленче беше многу загрижена за Томето. Но и газда Таки исто така.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мирисите на јоргованите но и липите кои почнуваа да се расцутуваат опиваа од сите страни. Отсекаде како да зрачеше едноставна опуштеност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Времето брзо минуваше, а пред Татко испишаната грамада од хартија, речници и други книги не престануваше да се зголемува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Сите. Но и јас знам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мил му кажа какви експерименти врши со Богуле во ваквата остојба и до какви сознанија дошол, но докторот му рече: - На луѓето во ваквата состојба мозокот им е многу активен, луцидни се, но и многу сугестивни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По овој пат ни стигнувало ропството, но и надежта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и не призна дека е победен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата повеќе не го задеваа Мартина, но и не му пристапија да се мират.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Цело село знае кој ден доаѓаат печалбарите, - но и таков е адетот – никој од село надвор не излегува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоки рече: - Штраки, буки, кики, бум! Но и тоа не го направи саканиот впечаток.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На Драган очите му светнаа, но и тој зборуваше со шепот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се криеме под сенка, но и сенката не може да те скрие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и Макаровски повторно одби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и јас, за нив, сум мртва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и низ џебови му се гледа тресењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе умреме? — Не знам, вели, но и умирањето е дел од нашата партиска обврска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата се врти, вели Никифор, но и мене ми се врти умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и најслабите професори клас не повторуваат, само понекогаш децата со прст им се закануваат: - Помалку топки, помалку шетање, денес сте пак слаби по историја и сметање!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)