но (сврз.) - дали (сврз.)

Но дали демократијата е буквално владеење на народот или, пак, тоа означува владеење на неколкумина курнази кои уствари го злоупотребуваат гласот на простиот народ?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Камилски во мигот беше изненаден од Татковото прашање, но не беше и неподготвен да одговори: Јас имам свое објаснување за балканското буре барут, дури и за кажувањето дека Балканот е и барутана на Европа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На славните им се восхитуваме, но дали ги сакаме – друга работа е.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Разбирам, може да има повеќе причини, но дали и ти имаш свое толкување?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)