но (сврз.) - најчесто (прил.)

Го следев Сојузниот со внимание. Нешто и забележував, не да покажам сериозност, но најчесто кога сакав да ја одржам концентрацијата, запишував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не заборавајте, Палестинците се чувствителен народ, но верни на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прават малечки мостови преку потокот. Прават брани, воденици. Но најчесто мостови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие летото го сакаат како мајка. Прават малечки мостови преку потокот. Прават брани, воденици. Но најчесто мостови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Корисниците на компјутери учат како да си создадат приватни стварности, но најчесто тоа е осамен потфат. Седат сами и се ѕверат во „Сајберијата“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)