но (сврз.) - навистина (прил.)

- Простете, - изусти со треперлив глас старичката, - немаше да дојдам, но навистина немам пари...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Толе паѓа на пусија уште два трипати, но навистина ниеден куршум не го погоди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Табакера си купив од трафика; додуша не е златна, но навистина го правам ритуалот со редењето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Значи наеднаш почнав да го уверувам пријателот Господ дека сѐ она што сум го рекол пред малку сѐ тоа ти се чисти лајна, се разбира во колку постојат такви: ем чисти, ем лајненца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа во еден момент на просветеление се обидов да се измолкнам од оваа моја дивоградба; но навистина не бев сигурен колку држеше вода она подоцнежно настојување да го каширам тоа што го бев веќе извалкал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)