Змејко сега со другата рака посегна и да го погали по главчето и по ушите, сеќавајќи како му се ежави под прстите тоа малечко парче живот, што не знаеше за ниеден друг таков допир по своето телце, освен допирот на јазикот од мајка му, некоја итра, брзонога срна, но јаренцето ни сега не се обидуваше да избега од него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)