Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Молчат со откочени пушки, но срцето им се слуша дури надвор. Живот мила.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Разумот му велеше дека мора да постојат исклучоци, но срцето не веруваше во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)