Но борбата за човековите права и за легализација на проституцијата беше само дел од моите активности. Во тоа беше проблемот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но борбата нерамна беше, и - како што бива - дадоа и тие жртви.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Влегов во мрежата за работа на црно со жените од Прифатниот центар за странци, а тоа беше спротивно на мојата борба за човековите права. Тоа ме уби.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)