но (сврз.) - ништо (зам.)

Но ништо не можеше да се докаже. Никогаш немаше никаков доказ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И нешто од носењето, но повеќе од сонцето и прашината, - палтото избледе и некако потемни, што можеше најарно да се забележи кога ќе се кренеше реверот или низ малиот процеп на испараниот астар. Но ништо за тоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Павле ни малу не се растревожи. Му се изнаноси на палтото. Целото лето само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чуму му се книгите, ако еден ден не ќе може, не дај Боже, да ги чита, прелистува, гледа?, помисли, но ништо не рече, Паскали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Но ништо нема да им помогне на тие мрсници.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѕвонам сега во Скопје, но ништо не можам да се научам за детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме викаа. Ме плукаа, но ништо не слушнав од непознатиот вокабулар на нивните погани усти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И други години имало снег, но ништо од училиштето не можеше да ја оттргне детската врева.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго го молеа да им зазбори, но ништо не помагаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко падна во нови грижи, но ништо друго не му остануваше. Така мислеше тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)