но (сврз.) - мора (гл.)

Но морам да ве предупредам, бидете крајно внимателен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А тоа беше... па, не би можел да ви го кажам датумот, но мора да било пред педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но мора да се биде таму порано, зашто...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Толку многу длабоко навиките се вкоренети во човечкиот живот, но мора да се ослободиме од идејата дека не е можна промена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Се извлеков! Но мораше да составам цела приказна и да ѝ ја прераскажам до ситница на мајка ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Здраво тетка Радо! - Рада му го препозна гласот на Виктор. Она „тетко“ ја заболе, но мораше да го проголта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тешко ми е да продолжам, но морам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка му му вели: „Знам, тешко ти е, синко, но мораме...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакам да играм, но мора да се поздравам со една девојка која ја познавам од порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се враќам назад, а Ди-џејот ги пушта композициите на Пјер Хенри (Pierre Henri), стар boho фанк со авангарден пискот на синтисајзерот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но мора да си ги подсобере, оти ќе ги скастриме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас не можам да заминам. Ја напуштив работата на бинзинската станица, но морав пак да се вратам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И не беше случаен фактот што јас, амбасадорот во неодамна признатата држава Палестина, дознавав од градинарот за почетокот на американско-палестинските преговори во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но мораше да продолжи мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но мора Живко да дремел на едно око, зашто кога се искачивме на Плетвар ги ококори и двете; па нѐ запре, како божем да побара соодветна грмушка за шушливо олеснување, а всушност да нѐ поведе кон стариот мотел на самиот превал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
САЗДО: Проштевајте...јас секако ви пречам но морав да дојдам. Лудиот немо го посматра.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Поразот беше очигледен, но мораше да се слави како триумф.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Никоја доба е, госпоѓо, но морам да Ви речам дека судбината на Вашите соседи не ме остава рамнодушен, особено книгите за јагулите!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одлуката за градба на хидроцентралите беше генерално донесена од врвот, но мораше да се сообрази и со науката, а луѓето да се припитомат за новите подвизи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)