Не го жалеше времето, но вакво нешто ниту му се случило, ниту се надеваше дека ќе му се случи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со векови само молчи една кула, едно камено око: Ниту страхува од нешто – ниту се надева на нешто.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Но тоа, за чудо, ниту ѝ скокна, ниту се помрдна. Стоеше како здрвено.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ниту се читам, ниту ме читаат. Преку ден скитам, ноќе пловам, Засонувам, сонувам, подлетнувам, Писмото небесно го исчитувам И на тоа писмо се восхитувам, Зашто и за мене нешто пишува
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)