И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Иако не беше ни малку наивна, ни лекомислена таа се нагрби со едно скоро невозможна работа за тогашното време и прилики, се нагрби да отвори занаетчиско училиште за младите девојки од гратчето и околните села.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)