— Овде Бисера се сети за маѓијата што ѝ ја направи на Нешка кога се роди по Митрина желба и си рече сама со умот: „Еее, лели мене ми дојде пак да и права маѓиа нејзе, ќе вати колку првата! — и се понасмеа, вртејќи ја главата на другата страна, небаре се секне, да ве ја забележи попот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)