Зошто тој не може да се помири и со мислата за загубувањето на Македонија, кога тоа загубување е исто така неминовна неопходност, како што беше неминовна неопходност и загубувањето на Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но не го уби заради тоа што беше лошо, бесно, напротив кон него беше кротко, мирно и послушно, ами го отепа во еден момент на афект, кога тоа ја откопа главата од неговата жена која тој ја убил скришум и ја закопал во градината пред куќата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)