— Кога умираат многу луѓе, вели Горачинов, кучињата вијат, а лисиците лаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И вели дека кучињата вијат само кога умира некој човек. Ко ли ќе да буде, си зборува Гојко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Утре ќе го закопаме на закон, рече баба, зашто човекот ќе дојде и ќе ни раскаже како е убиен, дали многу се мачел и дали нешто рекол, дали нешто порачал кога умирал.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)