- Така прават само кога им гори под нозете, вели Лазор Ночески, така прават и животните кога се ранети.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тие, кога се дрогирани, побудалувале од свирење и играње.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)