Тој беше сѐ уште во Софија кога почна организирањето на оваа дружина, па не е чудно што толку активно се вклучи и во организирањето на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Видов дури кога почнаа да мрдаат со нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И кога почнавме да пукаме, господе, од сето оружје да се истура железо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога почна да се замрачува, почнаа и нозете да ми натежнуваат. Како од кал да ги вадам, од батачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога ги снема мачките во селото, кога почнаа да се чудат луѓето што е со нив, кога почнаа глувците да се котат, да прават пакости низ куќите, луѓето трагата ги одведе кај Полина.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зборот криза почна да се појавува сѐ помасовно и појавно, а кога почна и официјално да се употребува, се оформи владино тело за справување со кризата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)