На тоа прашање јас одговорив кога зборував погоре за борбата со пропагандите и за поставување на нашиот народ во добри односи спрема сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега, кога зборувам јас за истерувањето на пропагандите од Македонија, за примирувањето и обединувањето на македонската интелигенција и народностите, може некој да си помисли оти тоа обединување ќе ни помогне да се постигне едно општо востание што ќе има поголем успех.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Погоре, кога зборував за неуспехот на Востанието, јас реков оти неуспехот се должи на неговата парцијалност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)