Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На самите жени, пак, искуството дека се жени можеби и не им е секогаш многу-многу иронично, а камоли начисто урнебесно, иако и тоа како може да имаат желба или потреба, одвреме-навреме, да се тргнат од него и да се оградат од неговите општествени значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На жените, затоа, може да им личи дека машката геј-култура се усојузила со машката стрејт-култура во оцрнувањето на жените; може да им изгледа дека го зајакнува омаловажувањето и обезвреднувањето на жените, било имплицитното, било експлицитното, кое им е типично на патријархалните општества и на културните ставови што тие ги крепат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)