како (сврз.) - ќе (чест.)

Штом почнаа да се приближуваат кон местото каде што беше Мартин, тие сѐ повеќе и повеќе забораваа на тоа и се чудеа како ќе му пристапи Трајанка на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мораш на сѐ да мислиш, што се вели, не знаеш како ќе те разбере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама кој како ќе му се доближи на Дука Вендија, овој - пам по муцка и ќе го кутне во ендекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Се прашувам како ќе биде најдобро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие нешто бладаат, ќе ја клоцнат чергата со нозете, ќе го соберат ложникот, ќе офнат и како ќе офнат тие, така и јас офнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислам како ќе ме види Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)