како (сврз.) - и (чест.)

Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случај на судски спор, кога е постапено спротивно на забраната за мобинг, товарот на докажувањето паѓа на поединец или група против кој е поведен спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, како и секогаш на Балканот, сѐ беше неизвесно и во ова проклето време, во овој мачен половина век обележан со падот на две моќни империи, со две светски војни, пред да можат да се заборават балканските.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие нашиве балкански кози, како и многу нивни господари никогаш наполно да се ослободат од стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А тој во себе комунизмот, како и сите други идеологии, ги прифаќаше како фасади на вистинскиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сеќавам дека деновите пред да замине за Маказар, со работата бев стасала до проблемот на сакрализација и десакрализација на политичките водачи, тоа добро го паметам оти долго потоа тапкав во место, целосно бев дезорганизирана, како и секогаш кога го испраќав на пат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е оттаму што некои од продуктите во нитритот што влијаат на метаболизмот, се канцерогени и поради фактот што, како и повеќето дроги, го ослабнуваат имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
1. Надлежни органи а) се утврди временски рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација, за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи, како и за постапките за издавање на сертификати, кои согласно овој закон, се спроведуваат од АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗВРС/окт.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тагуваше отец Стефан како и секој завидливец при средбата со поголеми од него, не забележувајќи дека им е рамен; снеможуваше кога ќе видеше на себе рамни, сакајќи предност и власт над нив; се тресеше од страв при погледот на помалите од него духом, плашејќи се да не се израмнат со него, и дури, да не го надминат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И нив, како и луѓето, ги тера некоја сила да се бијат меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им рекоа само да не зборуваат, оти тие секој збор можат да го чујат. Како и господ што може сѐ да чуе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дефилето на Рада и Томо низ средината на салата предизвика восхит и кај машкиот, како и женскиот дел на гостите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трубадурот беше на крајот од своите талкања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ставот за јазикот изведен од когнитивната наука како и херменеутичките филозофи нуди алтернатива на традиционалниот дуализам ум- тело, за создавање на психотераписки приоди кон овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој успеа во животот да создаде огромен имот од куќи и дуќани низ цела Битола како и многу обработлива почва односно ниви, пасишта во целата преубава околина во подножјето на планината Баба, на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Албанија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа се вознемири и како и повеќе луѓе на улицата се затрча да види што се случи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И јас со задоволство ти ја признавам таа победа, оти твоето здравје и твојата лична среќа, како и на твоите браќа и сестри, ми се најважното нешто во живото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, согласно ЗС од 1997 година, работникот имаше право на приговор до стечајниот управник против отказот за престанок на работниот однос, како и право да поведе спор пред надлежниот суд, при што соодветно се применуваа одредбите од Законот за работните односи за престанокот на работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурални или слични промени, како и за заштитата на правата на работниците (чл. 122, ЗС/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Татко ви, како и секогаш, имаше иницијатива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Проверката на пиротехничарот не може да се земе за целосна, зашто тој во овие три дена испука само три мини за да провери, како и по три мини за другите две куќи - а Танаил само за еден ден испукува толку мини.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Коњите беа јадри, убави, со светло влакно, потшишана опашка и гривна и секој имаше посебна боја: сива, кафеава, црна - како и униформата на нивните сопственици што ги јаваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По малку време се’ си беше пак мирно како и пред тоа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)