како (сврз.) - да (сврз.)

- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Го гледам крвавото сонце како паѓа и, додека чука мојот часовник во собата, како да чука и неговото срце во еден ритам, сѐ додека не се губи во мојата отсутност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А пред големите деца се испрчува како да добил орден за својата храброст, и додека бојата на лицето пополека му се враќа, тој вели: - Видовте... видовте ли кој бил кукавица?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој факт на вид е многу утешен, зашто тој како да покажува постојанство во политиката на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
После Македонија цела влезе во државата на Немањиќевците. Во неа таа како да била привилегирана и самостојна во внатрешната политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Рече: - Како да ми мириса. - На топол леб и лепешки.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Црви, дебели и долги како мојот мал прст, розови од сопствената крв, а згора на тоа уште и испрскани со крв, со бели главчиња и многу ножиња, припиени во внатрешноста на раната, како да сакаат да се измолкнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми е страв со цела нога да згазам на килимите, да не знам како да се опулам во мебелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели облеката не го прави човека?“, ми се руга татко ти со некои мои излитени зборови што којзнае зошто ги присвоил, и шашливо се смешка, како да смислил којзнае колку голема шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Жења, велам, не знам како да почнам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој некаде како да отвора прозорец: поднаѕирнува и ги затвора крилата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ уште беше во кимоно, но косата ѝ беше поостро подигната, цврсто склопчана на врвот од главата, како да се подготвила за бој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа пироманија како да стана мода и, набргу потоа, се запали и библиотекарката Ана Александровна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да беше пред него кукла во човечки изглед за чие движење беше задолжен во моментот самиот министер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кристина рече „пис!“ уште неколкупати, ја затвори вратата и сета зацрвенета од возбуда седна до татко ѝ и таа да ги гледа вестите, како да е возрасна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ветерот ѝ го посла цвеќето по дворот како да навева снег.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во миговите на донесувањето на одлуката како да не бев доволно свесен за тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тоа поле треба да има луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Се разбира (ладнокрвно го продолжувам разговорот, буквално како да не го забележувам неговиот одважен, да не речам недозволено надуен став, односно, простете да се коригирам, би било дозволено ако станува збор за неговиот физички изглед).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Седи и како да не забележува дека старецот си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Сакаш ли да ме спасиш?“, јачејќи шепоти младичот, целиот заслепен од животот во неговата рана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А како да беше некој друг...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дури подоцна и постепено како да почнаа да добиваат во значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ама како да отрпнавме од толку војни...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога по одморот, пак ја покани за игра, и кога пак нивните тела се развиорија, нејзе како да ѝ се слоши, како да ѝ се сврти во умот и побара да излезе на терасата, на воздух, да земе здив, да се одмори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да сакаше да ми ја втисне в срце оваа провинција. И успеа во тоа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- - - Не седнуваш, велам, на софра - продолжуваше баба, како да не слушна што ѝ порача дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Навидум, како да нема некоја особена врска.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми требаа неколку минути офкање и стенкање за да се разбудам обвиткан во ужасна смрдеа, како што претпоставив, од сопствените гасови, и со уште позагрижувачки болки во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Та како да и го земат на жената последниот поздрав од мажот којшто не се врати ни жив ни мртов.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да се поттурнати од улицата и тротоарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има многу прозорци и од сите страни видикот е прекрасен, како да сме закачиле постери со пејзажи, така личи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И како да не го чека? Од свети Атанас, кога Илко наврте пуста „Опстраница“ сѐ на сѐ двапати си дојде на преслечување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега не знам како да кажам, ама ќе кажам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со прво јас не го знаев Јона, оти немаше и како да го знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да чу нешто. Ветерот тивко зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Токму тука во нејзиниот кошмар двете рачиња од Пела стигнаа до нејзиниот врат, се свија околу него и како да ја привлекоа во малечката прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Топлината од огнот како да досега до планината, до нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од луѓе не можеш да се разминеш. Како да се наоѓаш во некоја пчелина кошница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да е заљубен во својата несреќа и не се помрднува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тенџерињата и тавите што блескаа, чиниите што беа сместени во шпајзот за порцелан, редиците чаши што беа на полиците, сите предмети во кујната, во трпезаријата и во гостинската соба, изгледаа како да знаат дека се сместени таму затоа што Кети сакала да бидат таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По пет векови како да се креваше големиот отомански камен под кој живуркале, се бореле, опстојувале многу различни народи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да слушнеш само како ги довикува! Со каков глас, со кои умилни зборови!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Погледна пред себе како да му е потребно тоа за да го припреми своето противење, но кога пак го сретна строгиот, беспоговорен поглед на човекот во сина облека, без да рече што било, си ја голтна плунката и без волја застана зад двајцата селани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едо писателот со погледот како да бараше начин да ги расебети капињето од скребите, копривите од малечките, папратта од базојчките, блостурот од шиповите...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи, малите балкански држави, иако на вид и да не играат улога во решавањето на македонското прашање, кое како да е само во рацете на големите држави, всушност имаат најголемо значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спрснаа и другите, малку како да ја прифаќаат играта, а малку како да му вртат грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За вистина еднаш како да ми се пресенија некои луѓе кај патот, ама од кај знаеш кои се и што прават. 23
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И тогаш, по втор пат како да го видов големото сонце што ми се јави и понапред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како групна слика се непријатни: како да чекаат кој ќе го фати крстот штом попот го фрли.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Наеднаш исчезна, го снема, како да беше дух или некој негов роднина од сништата...“ рече мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секој ден ти да јадеш помивка и зиме топлина на кожата да не сетиш студот во коските да ти влезе, како да си полн со мразулци!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Џулија, меѓутоа, како да не беше во состојба да ја спомене Партијата, и особено Внатрешната партија, без да употреби некој од оние зборови што се среќаваат испишани со креда по клозетите. Не му пречеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ама, пак не знам како да кажам, умот ко вода ми се растура.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да плачат ѕидовите, обрастени со габи, со мувла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да не сум со сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
НЕДА: Го чувствувам околу мене како сениште. Понекогаш ми се чини дека сите сенки и црнила во овој дом како да се негови сојузници... како да ме прогонуваат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Сакам да поразговараме за Рајнер Рихтер,“ ѝ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од средината на купот се подаде главата на нивниот татко, долго се креваше над купот, како да доаѓаше од некој друг свет, како никогаш црн во лицето и со заматен поглед во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ај, пичка им мајчина нивна, си велам, и се сеќавам дека поради ваквите зборови не можам да влезам во училишната лектира, а Достоевски ми вели: -Како да е тоа важно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти фаќа вера, ама откога ќе ти докажеме здраво, после ќе веруваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Главата на тој крмнак како да чадела низ крвавите ноздри и како да се потргала од живата безобличност на сенките; забите во зинатата уста биле потемни од танките усни - и мртви се заканувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Б.С. е галениче од кафеанските маси, оцени мојот сопруг В.Зрновски, кога Борис стапи во нашиот дом за првпат – рече Јана како да кажува тајна што требаше да реши повеќе од дилемите што ги беа спомнале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Живее ама како да не живее, тука е, а нетука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледаше замислено во далечината, како да ќе се обраќа на публика некаде зад грбот на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога веќе бев на чекор од неа, си го прекри лицето со рацете, како да се брани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Турција, како што се гледа, како да се најде на тесно, па ѝ предложи на Бугарија да се дојде меѓу нив до едно согласување за македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Погледна во портата што се отвораше, подзастанувајќи како да е дојден да го пречека оној што оттаму ќе излезе и, истовремено, сеќавајќи се на песната „Таму кајшто има високи балкони, таму има, убави кокони“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа најчесто кроеше планови како да им плати на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да криеше нешто под дланките. Меѓу прстите ѝ стоеше угасената свеќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сето висело само на една тенка врвка и како да го чекало оној ден да се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се подигна грчевито држејќи се за наслонот, како да ќе му побегне столот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трајанка, а и другите, чувствувајќи ја неговата слабост, сега побавно му се приближуваа и тоа не како да доаѓаат на помирување, туку како да ќе го напаѓаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јадат како да им е прво јадење, велам, како по долги пости.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа го погледна право во очите, потоа брзо замина, како да не го препознала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние весело се насмеавме... – Не е за смеа, не е за смеа, мили мои, војна беше, како да се земе! Војна на нашата земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Го сфаќаме настанатото недоразбирање, и веруваме дека младиот човек ќе размисли за своите грешни заклучоци а со тоа ќе извлече и соодветна поука.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Ета правда, вели Маша Русланова, а гласот како да ѝ се претура од една чаша во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да не допрел вресокот на Милка до неа, како да се буди од длабок сон, ги оптегнува нозете, рацете го џбарат веленцето, се чепчат за него, го поттргнуват нагоре и тие се откриваат со сиот блесок до над колената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислев дека нема никого, - плахо одговори Мече, како да се правда.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По должината на тој синџир од јужнословенски племиња и наречја како да се образувале 4 јаки јазли, што ќе рече, 4 држави со разни имиња, т.е. словенечка, хрватска, српска и бугарска држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Срцето ми дошло в грло како да ме фатил зарек, како да сум почудена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секогаш имаат друга работа – си ја мерат светнатоста со кубињата, како да сакаат да докажат дека сите божици се светнати.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Но, како да сакаше да каже: „Застани! Закочи! Не сум откос кој треба да падне со првото замавнување".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само — фрпа, фрпа — ми прават прстите, како да прелистувам тетратка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нероден Петко се начумери. Закашла. Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да замижеш пред оваа глетка - глето - глина - глодар спружена гледливо и пожелно на небето, под јазикот небаре вино лежено во визбите на вечноста!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Винстон не погледна повторно во него, но вознемиреното лице слично на череп беше толку живо во неговата свест, како да му стои пред очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Како да чув, -присторе таа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Види ги ти нив, - си мислев, - како убаво се разонодуваат, како да се на забава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Си платил цел, а ќе излижеш одвај половина сладолед а на тукушто избањатите божици секако нема да ве видат, инаку барем ќе ви се изнасмееја на сладоледните капаници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И кога заврши градбата на Беломорскиот канал, како да заврши пеколот на земјата. Многу повеќе изгинале, отколку што преживеале.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само се насмевнав: „Е, како да сум јас онаа која ги распознава мивките од чесните жени па дојде мене да ми го раскажеш тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како да ми никнале некои крилја и само ми растат, ме креваат над земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да се наши, а не се наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мисајле само кркори: испушта некои гласови, како да ждрига од жиговина и замалува човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Оние што беа мнозина, се чудеа како да си легнат кај жената. Најтешко беше зимно време. Оти сите се во иста соба, покрај ист оган.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога заврши часот, ме повика да појдам со неа кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ни се доближуваше сув старец со претпазливи чекори како да се плаши да не разбуди некого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По мала пауза, како да кажува некоја споредна работа, која сепак еве, од обѕири ќе ја спомне, рече: „И ти, Симон, што е право, поможи“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тоа му помогна и Германија која како да почна и поинаку да го засакува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му ги зеде рацете и му ги прекрсти на мевот, но смучна со носот налутено кога забележа дека палецот на едната рака му стои пикнат меѓу кажипрстот и средниот прст, како да ѝ покажува шипинки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Кога си вљубен водиш љубов“, рече таа полека спуштајќи се на седиштето тврдо како камен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие насмевки на убавицата како да и прошепнаа со подмолен глас: „Човеков со брада навистина е најубав.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како да ги заградил некој ѕид и кон никаде не ги попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
При крал Волкашин Македонија пак како да се одделува од другите делови на Немањиќевата држава и како да се сосредоточува околу него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се наведнале да видат кај е удрен и виделе - немал деца на овој свет, не ќе ги има ни на оној. Крмнак, рекле. Мртов нераст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Викаме така, се дереме ко померени и кроиме планови како да му се кажеме: да ни се даде пат за Југославија. Виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го врати погледот врз футата пред себе како да ќе види нешто, си го лизна показалецот од десната рака, забриша некоја флека што ѝ се причини дека ја виде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Радоста те пијани, како да си јал болвајчав леб што првин те успива, а потоа те тера на повраќање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да си им гибнал во сржта на колективната суета.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Раскажи му го“, ѝ велам, „тоа на некој друг, кој е поупатен во тие нешта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше необично тоа смеење, како да го произведуваше некоја нејзина друга возраст што јас не ја познавав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги поткреваат мрзливо главите, како да сакаат да видат од кај студи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека јас не можам да сфатам што е тоа може да предизвикува потсмев во друштвото во кое се наоѓам, луминозноста на мојата стварност како да секна за еден кус миг во кој нешто се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нешто држеше во раката - тенок пакет, завиткан со пластика. шушкаше додека приоаѓаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Брат ми се двоумеше дали да ја поземе книгата; таа книга со песни од Мицкиевич тој ѝ ја беше подарил, и сега таа му ја враќаше како да ѝ ја беше дал на читање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па сепак од тој напор како да се скина некое конче во мене и туку се најадов станат од креветот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да не се виделе еден век, како да се гледаа и за наредниот век, толку многу копнеж беше напластена во нивните души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше силна тишина. Се слушаше мувата која громогласно и громко леташе како да е царица на просторот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми дојде како да ме дави Толи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, ете така, како да почна и целото летување, верувајте! Зоки Поки ги пронајде радостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Како да беше ги потрошил сите зборови додека го кревавме народот на револуција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Страот му е даден на човекот, исто како и сѐ друго што го прави човек; па така оној што го изгубил него е исто толку нецел, како да останал сакат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како да немав време во тие мигови да го почувствувам тој мајкин повик, пренесен во мисијата на една друга мајка, во едно друго време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама тој е веќе остинат. Како да бацувам некој студен камен, некоја мраморна гробница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Езерото лежеше мирно под пладневното сонце, просто умртвено, како да ги потиснало и со коленици и со петици не само рибите меѓу тревите туку и брановите на дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да делиш кори од зелник, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Поскапи сте од лани! - им велам. На оваа забелешка не ни одговорија, се правеа како да не нѐ разбираат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рацете на своите спасители сѐ уште ги стегаше цврсто. Не ги пушташе. Како да се прекоруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие се погледнаа едно со друго како да се колебаат дали да се восхитуваат или да ѝ се потсмевнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни дадоа по една грутка момирок и по два ножа и ни покажуваат што треба да се прави, како да се работи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Си прават пат со лактите. Како да плуска пороен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не бил ни постар ни помлад од другите и како да наслушувал нечиј глас што веднаш ќе го повтори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во последниот камион можеше да види еден стар човек со нечиста брада излепена по лицето, како стои исправено, со глуждовите на рацете прекрстени пред себе, како да е навикнат да му бидат врзани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Горната, единствената што е на кат, е работната соба на мајка ми и таа се вика: Одајата со чаеви.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека нејзината присутност не ме изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Маската падна, - рече татенцето со победоносен тон како да го чекал само овој миг, - маската падна, - повтори, камуфлажата не трае долго, како пудрата што кај нечесната жена се брише (уште спореди татенцето), - како пудрата што не може да го прикрие лицето на нечесната жена, додаде некако деликатно, искусно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да сум избегала од Алма Ата, и, одам по државите, го барам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Едо, јас не сум создадена за мажење“, му рече Елефтерија, гледајќи го право в очи како во очекување, како да мислеше дека она што таа сега го рече може да го има своето целосно значење само откако ќе чуе што ќе рече Едо. „Ни јас за женење. Драга моја!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А устата уште ѝ е собрана, како да вика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто како да ми шепна на уво: бегај, Јоне, дури имаш пат за бегање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„А, ти си тој - Марко! Нели беше закашкан во аферата со чоколадите и сликичките - животинско царство? Како да ти се уарнило!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката по англиски јазик беше фер. Пред одделението ништо не рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа беше како нивните два ума да се отвориле и како мислите да течат од едниот до другиот преку очите. „Јас сум со тебе“, како да му велеше О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денко зборуваше мирно, обично, како да раскажува нешто сосем неважно, а за Бојана секој податок што онака, површно ќе го изнесеше Денко, беше необично интересен: ... „има над триесет училишта... живее на другиот крај од градот...“ повторуваше Бојан во себе и се обидуваше да си создаде претстава за тој огромен град, сиот исполнет со училишта и ученици, со татковци, мајки, доктори, инженери, лекари...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Непријатноста на таа помисла се оцртуваше во згрченоста на неговото тело додека стоеше загледан во книгата, во згрченоста на неговиот глас додека изговараше едно сосема вообичаено и непотребно прашање: „Дали некои песни особено ти се допаднаа?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но со пилињата цели приказни распредува, како да разговара со малечки деца.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Она дете, рече тој, - како да е внучето Бошково.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како да знаеа дека нивната работа е завршена и се чека само на еден формален акт којшто ќе го потврди нивниот триумф.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Морниците што ѝ минаа по телото од она што го чу ја натераа да рече: - Како да тропаше некој, - рече таа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И вашиот тигар како да беше таму; се чинеше дека оттаму потекнува неговата последна проѕевка! Нели, чудесно сафари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)