како (сврз.) - секој (зам.)

Е, кога реши да се жени, тоа беше вистински циркус, и нормално како секој пожртвуван родител, баба ми му изгради куќа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)