како (сврз.) - ги (зам.)

- Знаеме, бидејќи почуствувавме како ги испушти јажињата од раце, а за нас елените – влечачи тоа значи дека сме слободни, дека можеме да си поиграме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само како ги отвораме очите, како ги кривиме устите и колку пот се одлева од нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)