И потоа, кога погледнал повторно кон убиените, ги видел преостанатите шестмина како стануваат од бришаниот простор по последните свои истрели и се доближуваат со трчање и со голи јатагани или долги ками кон заседата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тешко можел да сфати, сега по смртта на момчето што можело да биде колкав што бил и неговиот син, дека патот на луѓето од Кукулино се протегал од смрт кон убивање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)