или (сврз.) - без (предл.)

Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малебџилници - тоа се всушност гостилници каде што се готви јадење само пилешко месо: печено пиле со или без ориз, пилешка чорба и ориз, некои пудинзи со месо од градите на пилињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На тезгата работиш, а позади пржиш пипер, патлиџан, со јајца или без нив, готвиш и тука јадеш „на стајање“, ама и се сончаш додека ти ја припазуваат тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со или без причина ми се стори дека некој друг управува преку чинки со мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Реков на креветот на кралицата... - А дали со кралицата или без неа?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ако имаат, како ли ќе го поведат орото невестинско со една нога или без нозе, како ќе ја развеат шамијата на оро без рака? Како ли?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таков беше и капетанот на туноловците Монги, кој своите луѓе ги учеше на матанѕирање на своите жртви...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Околу тиранинот ќе се создаде свита која ќе биде измачувана од истата страст и амбиција - да се владее, со или без тиранинот, да се стане дел од една гротескна процесија која ја инструментализира немоќта на тиранинот, нагризен од амбицијата на вечното владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
12 После три години, веќе со првата измена на ЗРО (2005), онаа од август 2008, во целост се измени членот кој се однесуваше на работниот однос на определено време – па, сега, договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин, до пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој атеист, а вака се изразува, којзнае на што цели, или така е адет, кога се зборува со постари луѓе, или без присуство на претставникот на партијата се чувствуваше послободен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ЛУКОВ: Жалам, госпоѓо Христова, но со или без причини - таа жена не ќе може да има никаков допир ниту со Вас, ниту со... Вашиот дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)