или (сврз.) - гледа (гл.)

„Крши вратот, побегна во планината кај сете неранимајковци и ете, сега место да игра со Петка и со Илка, тој седи негде зад Трибор или гледа од Зелка како се вие оро на сретсело, а тој си и пог'тнува слинките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не се симна на Сен-Силпис, тоа го знаев уште пред возот да почне да кочи, тука е онаа подготвеност на патниците, особено на жените кои нервозно ги проверуваат пакетите, го затегнуваат капутот или гледаат отстрана кога стануваат за да ги избегнат колената во оној момент кога губитокот на брзината ги врзува и заглупува телата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И каков е врвот на тој напредок?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја поткрева главата и го забележува здробено на подот: клинчето ли попуштило или гледа дека веќе не му е потребно на Богдана?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе започнеме со два подолги цитата, што според мислењето на авторот на овој спис, соодветно изразуваат и осветлуваат некои карактеристични моменти од живата, жешка и често конфликтна дебата за значењето и ефектите на популарната култура. а) “Замислете си тринаесетгодишно дете како седи во дневната соба на семејниот дом и додека пишува домашна работа по математика слуша со слушалки на ушите вокмен или гледа MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)