иако (сврз.) - никогаш (прил.)

Во текот на сите сослушувања, иако никогаш не го виде, имаше чувство дека О'Брајан е покрај него, само надвор од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тоа ќе значи кршење на принципот на културниот интегритет што го почитуваат сите три страни, иако никогаш не бил формулиран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве, дури и ние мораме да учествуваме во американската авантура во Ирак, иако никогаш во својата историја не сме пратиле војник на туѓа територија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Знаевме ние децата оти има комити, дека се тие секогаш тука некаде, иако никогаш не знаевме каде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така го прочитав првпат и записот за богот што слегол од небото и сотворил сѐ на земјава, иако никогаш не сум знаел ниту една буква од тоа писмо на штичката што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа значеше дека атмосферата е пријатна и дека „састанакот“ ќе почне во добро расположение, иако никогаш не се знае дали во меѓувреме нема нешто да се случи што ќе предизвика нервоза, па дури и ситни кавги.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главна точка на дневниот ред бев, како и што претпоставував, јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бродвејскиот мјузикл создал свет во кој геј-желбата, иако никогаш видлива, насекаде била на свое.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„За ваму, Праведнику, за празникот што непрекинато се одвива тука, на небесниот Јерушалаим”, одговори гласот на Невидливиот на арамејски јазик, којшто Шабтај одлично го разбираше, иако никогаш во животот не го беше чул.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со мојата особена почит и благодарност Луан Старова XV Имаше мигови од времето на најинтензивната преписка со Елен Лејбовиц (иако никогаш не сум ја видел, ниту сум го слушнал нејзиниот глас), кога таа ми стануваше многу блиска, ми го надополнуваше семејството со тоа што не можеше да ми го даде Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овој град ѝ е еден од најомилените, иако никогаш не била таму. го знае по тоа што мајка ми секоја година оди на филмскиот фестивал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Верувам дека се согласуваш - реков, и веднаш продолжив - тој е сега патник: нè слуша, нè гледа, иако никогаш веќе нема да се врати, барем овде, на патеките на нашето време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секако дека беше навредена, иако никогаш со ништо тоа не го навести.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секогаш премолчуваше колку ја малтретирала мајка ѝ кога била дете, колку сега ја малтретираат по затворите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А толку многу сакаше да зборува, иако никогаш за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој момент веќе имав наполнето седумдесет години од животот, влегов во XXI век и почнав да заборавам без некој ред, разни нешта – лов на чавки, фрлање камчиња по површината на водата, влегување низ врата назадечки, првин руските, па француските денови и седмици, додека англиските називи за деновите ми надоаѓаа од сеќавањето, иако никогаш не ги имав добро научено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пиеше кафе и го читаше весникот „Гласот на јавноста“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)