Првин докуцка низ Одун-пазар, па низ Туз-пазар, и колку што ќејф му направи што овие пазаришта си имаа одделни делови за разна стока, толку и некоја с'калма го фати: крупните ајвани од ајван-пазар, иако големи, му изгледаа осамени така одделени од ситнежот во којин-пазар; сушените риби пак од балук-пазар уште поосамени што не можат да се наредат како украс крај маќениците, урдата, сирењата и топките овча маст на чомлек-пазар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ни ретроспективна ни репрезентативна, последната изложба на Гого, иако голема, беше само посмртна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Десет години на рамното поминаа од оној ден кога им зборуваше: „Иако голем број од вас се чувствуваат спокојни, јас навистина не можам така да се чувствувам, затоа што сметам дека спокојството во Македонија е веќе одамна разрушено и затоа што спокојството веќе одамна го нема...“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)