Кога ќе се направи почетната инвестиција во опрема, производството е евтино, иако таа почетна инвестиција може да биде ограничувачка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се прави релативно лесно, но тешко е да Маргина 37 157 се синтетизира во квантитет а притоа квалитетот да остане конзистентен.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ми беше многу чудно. Иако таа постојано повторуваше леле, ништо не знам, се сум заборавила, зборуваше многу течно и веројатно правилно, штом ја разбираа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Жена му се спротивстави: „Ти знаеш - му рече - што што претрпе ќерка ти со еднаш одложена веридба”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наскоро договоривме ерусин 15. Според обичајот, татко ѝ на Алегра реши помеѓу веридбата и свадбата да протече година дена, иако таа традиција веќе се напушташе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секогаш беше таков пред новата слика, иако таа веќе му беше во главата, некаде во главата - го одмеруваше распнатото платно, се мислеше и се премислуваше, се двоумеше пред првиот потег, зашто знаеше дека од него зависи колку сликата ќе заличи понатаму на неговата замисла, а колку ќе се оддалечи од неа, одведувајќи го во предели каде што можеби ќе се родат нови слики, други слики.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Никој ништо не му одговори, во кујната остана истиот молк, но во својата соба Ване се почувствува послободно, иако таа веќе беше издадена на друг, некој незнајник а сепак врсник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некои, што израснаа подоцна, со големината ги надминаа постарите, а некои на самиот почеток се исушија, иако таа не можеше да се види дури и по неколку дена, кога тие се стуткаа и паднаа од ластунката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не сакав да го сочувам за себеси како тајна она што Огнена ми го изнарече, а немаше потреба и да го кријам, не заради реченото, туку повеќе заради сознанието дека и овој пат заклучив оти употребливоста на Огнена Гулева за одржување на среќата кај машкиот род никогаш нема да застарее, иако таа самата непотребно и безразборно ја растура и арчи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Постојат и такви посебни видови на привлечност што не подлежат на трошење!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но, стратегиското, иронично презапоседнување на некаква девалоризирана женственост ниту подразбира ниту предизвикува натамошна навреда на жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иронијата, според нив, не може да го оправда гревот на умножувањето на првобитната општествена навреда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што геј-женственоста честопати се состои од културни практики (обожавање диви или реставрација на архитектурата) кои се општествено обележани како женствени, но кои немаат врска со женственоста што ја отелотворуваат самите жени, така и уживањето на машката геј-култура во гротескните верзии на женственоста не подразбира презир и непријателство кон вистинските жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто во геј-женственоста, иако таа нужно упатува на жени, не се работи нужно за жените, како што и видовме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се извинува, иако таа, без да го забележи, продолжува, со блага насмевка, да си мрмори во брада.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, првото, што ќе го видеше секој на тоа лице, беше токму онаа единствена негова добрина на погледот, пред која секој мораше да се посмевне, да се отвори, иако таа во себеси криеше и нешто многу диво, нешто многу просто и сериозно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така трговецот со добиток, довикувајќи ја на помош девицата Марија, храбро ја спроведе својата замисла, иако таа воопшто не беше грандиозна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тупотот на нејзините копита и нејзиното мукање ја распараа магличавоста и страшно одекнаа во целата околина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Проклет да бидам, за ништо не би ја дал, иако таа беше единствениот мој и Кејтенов виновник за тогашните и сите подоцнешни страдања. И радости, не заборавете.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тржествував од силината на својата изрека, иако таа немаше пиедестален статус во мојата нова и подземна состојба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Брат ми цицаше од неа, иако таа беше тешко болна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во Колари бев поставена за заменик комесар на втората чета.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пред да ја примам четата, ме повикаа во штабот за да ги претресам булите во една поголема куќа, иако таа работа многу не ми одговараше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога утрината одевме на река неколку пати седнавме да се одмориме, иако таа не беше толку далеку.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Немерен ќотек јаде рајата за ништо, иако таа нам ни треба и без неа сме за никаде во најтешките и најгнасните работи. Ама, кој да го среди тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во врска со ограничувањето на новите вработувања и работата на странците во случај кога тоа предизвикува негативен ефект врз економијата и стапката на вработување, се предвиде и заштита на домашната работна сила од работодавачите кои би вработувале првенствено странци преку неиздавање на работни дозволи на работодавачи кои што тие ги бараат за ангажирање на странци, иако таа работна сила можеле да ја обезбедат во РМ (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Неверојатна и за самата негова мајка. Иако таа ја изговори.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се обиде да ја признаеш грандиозноста и романтичноста на фабричката цивилизација иако таа уништуваше сè наоколу. � Д.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ако било што помогне да го преброди она што претстои, тоа ќе биде нејзината работа, а, иако таа секако би сликала и да не постоеше галерист кој ќе ги продава нејзините дела, професионалноста беше исто онолку важна колку и приходот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога повторно би го правел овој филм, би се држел до истата формула, иако таа навистина бара многу труд и работа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Е, тоа чекав да го речеш“, се озари тој. (На моменти не се стеснуваше да се поигрува комедијант иако таа улога воопшто не му прилегаше).
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Паметно“, рече Летка. „Иако таа не ме интересира. Мене Едо ми е важен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На Паца тоа ѝ поласка. Иако таа го опомена: „Да не кажеш нешто да ме изрезилиш!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„И таа е со него иако таа сега е сопственик на голем паб во покриениот стадион во Торонто...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дури кога во влезот стивнаа гласовите на децата на Пена заедно се нејзиниот и кога веќе не се слушаше бубтењето на Танаско, Пелагија стана свесна за отсутноста на Милка на Роса, иако таа често го имаше нејзиното лице во своите мисли, насмеано, среќно.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но најмногу од сѐ, иако таа желба ја криев негде во позадина, длабоко посакував љубов од соништата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)